Цените на нафтата паднаа на 99 долари на меѓународните пазари бидејќи трговците стравуваат за побарувачката, чекајќи ја информацијата околу зголемувањето на клучните каматни стапки во еврозоната и во САД.
На лондонскиот пазар цената на барелот денеска е пониска за 31 цент од вчерашното затворање и изнесува 99,03 долари. На американскиот пазар барелот се тргува по пониска цена за 45 центи, од 92,07 долари.
Пазарите денеска беа преокупирани од веста дека Европската централна банка (ЕЦБ) може да ги зголеми каматните стапки за речиси три четвртини од процентниот поен во септември, и покрај можната рецесија, бидејќи изгледите за инфлацијата се влошуваат.