ЕСМ продава само „ноќни вишоци“ електрична енергија, кои остануваат во периодот 2 до 7 часот и кои произлегуваат од работењето на термоелектраните во најнизок режим на одржување во текот на ноќта, до засиленото производство на почетокот на денот, се наведува во реакцијата на АД ЕСМ на прес-конференцијата на Сојузот на стопанските комори (ССК).
– Цените на таа ноќна енергија се движат од 250 до 320 евра за мегават час. Ноќната енергија нема врска со базната и пиковата енергијата, чии цени достигнуваат до 700 евра, односно тоа се различни работи. Купувачи на ноќните вишоци се сите стопански субјекти кои имаат потреба од струја во текот на ноќта или трговци со струја – се наведува во реакцијата на ЕСМ.