Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за цените на горивата, а новите цени ќе бидат соопштени попладне.
Согласно последно донесената одлука, цените на бензините, дизел горивото и мазутот останаа исти.
Зголемување на цената имаше кај Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) кое поскапе за 3,50 ден/лит.
Ова се актуелните цени на горивата:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 89,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 91,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 98,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 96,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 52,978 (денари/килограм)