Од 30 август ќе почне исплатата на августовските пензии. Исплатата ќе се врши во четири групи до 2 септември.
Надлежните апелираат банките преку филијалите и експозитурите да обезбедат готовинска исплата на пензиите за пензионерите кои не користат картички, во четири групи почнувајќи од вторник, 30 август.
Пензиите до 11 илјади денари ќе се исплаќаат на 30 август, пензиите до 14 илјади денари на 31 август, пензиите до 18 илјади денари на 1 септември, а исплатата на пензиите над 18 илјади денари ќе се врши на 2 септември.