Санкционирани се 27 учесници во сообраќајот во периодот од 22.08.2022 до 28.08.2022 година во спроведената акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата.
Како што соопштија од МВР, на сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Oд МВР најавија дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
извор: kanal5.com.mk