Најголемиот регионален Employer branding настан е местото на кое треба да бидете од 17 – 21 октомври. Пријавете се уште денес и добијте попуст до 35%, за рана пријава и изложување во повеќе земји
Потрагата по квалитетни кандидати за вашиот тим може да биде навистина исцрпувачка и да ве чини време, но и финансии.
Како да го избегнете тоа?
Во услови на пазарот на трудот во кои само нијанси може да бидат пресудни за одлуката дали еден кандидат ќе одлучи да аплицира во вашата компанија или не, замислете едно решение преку кое можете да објавите огласи за работа кои ќе имаат досег до голема база на квалификувни работобаратели во Македонија и регионот, да направите квалитетен Employer Branding на вашата компанија, да ги претставите бенефитите кои им ги нудите на вработените, да добиете простор во кој ќе можете да ја презентирате атмосферата во вашата компанија преку слики видео материјал, да остварите еден на еден контакт со заинтересираните кандидати и многу повеќе.
Тоа решение го имаме! Добредојдовте на Најголемиот регионален онлајн саем за вработување
На Регионалниот саем за вработување веќе 13-та година по ред соработуваат водечките сајтови за вработување во регионот од Македонија – Vrabotuvanje, Србија - Poslovi Infostud, Хрватска MojPosao.net, Босна и Херцеговина - MojPosao.ba, и Словенија - Deloglasnik.
Зошто вашата компанија треба да учествува на Регионалниот саем за вработување?
1. Искористете ја ПРОМО понудата Пакет Отворен Балкан
Благодарение на поврзувањето на националните електронски системи меѓу Македонија и Србија, во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“, граѓаните имаат можност да се вработат во една од овие земји без никакви дополнителни документи, работни визи и посебни дозволи. Сè што треба вашата компанија да направи за да биде видлива и за кандидатите од Србија е да закупи штанд во овие две земји и тоа по промотивна цена.
2. Надополнување на вашата база на кандидати
Овој настан во просек го посетуваат повеќе од 500.000 кандидати, а бројот на апликации на огласи во рамките на Саемот надминува 49.000. Искористете ја можноста во текот на 5-те дена на Саемот да дојдете до голем број кандидати, до кои надвор од Саемот би стигнале на многу подолг период, и на тој начин да ја изградите вашата база за идните потреби за вработување.
3. Отворете ја вашата врата за регионот
Покрај сите кандидати од Македонија до кои можете да стигнете, Регионалниот саем за вработување нуди можност да привлечете кандидати од регионот, односно од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Словенија. Со ова си отварате нова врата, а тоа е зајакнување на Employer Branding-от на вашата компанија на регионално ниво, со активни маркетинг промоции за време на времетраењето на Саемот во овие 5 земји. Со објава на штанд во повеќе земји добивате и дополнителен попуст.
4. Покрај објава на огласи, добивате и квалитетна маркетинг кампања
Со резервирање на штанд на онлајн Регионалниот саем за вработување, добивате можност да поставите и одреден број огласи, зависно од типот на штанд кој ќе го изберете. Сите позиции што сакате да ги пополните, објавете ги на вашиот штанд. Покрај оваа поволност, резервирањето штанд вклучува и маркетинг кампања на социјалните мрежи на Вработување.ком.
А кога ќе ги погледнеме социјалните мрежи преку кои ја промовираме нашата содржина, статистиката е следна, Вработување.ком има 180.000 членови на Фејсбук страната, додека на профилот на Линкедин таа бројка надминува 30.000.
5. Вашиот штанд е достапен за кандидатите во секое време
Регионалниот саем за вработување е достапен преку сите уреди 24 часа на ден во текот на сите 5 дена од саемот.
Докажаната платформа е прилагодена за употреба од мобилни телефони, таблети, десктоп компјутери, како и на сите интернет пребарувачи, а движењето по виртуелните штандови е брзо и едноставно.
Без сомнение, Регионалниот саем за вработување нуди цела низа поволности за компаниите кои учествуваат на Најголемиот онлајн настан од овој тип.
Квалитетот на настанот го потврдуваат големиот број компании кои од година во година брзаат да си обезбедат место на саемот, како и бројот на компании кои учествуваат за првпат.
На страната на Регионалниот саем за вработување можете да најдете информации за овогодинешниот настан и сите релевантни податоци од минатогодишниот саем, додека во официјалната понуда можете да видите подетални информации за изнајмување штанд на саемот.
Оваа година одиме со уште поголем ентузијазам, па ако сакате вашата компанија да биде дел од овој најголем настан за Employer branding и вработување и да постигне исклучителни резултати, не чекајте и допрете до вашите идни колеги со многу поволности!
* Со пријава до 02.09.2022 добивате дополнителен ПОПУСТ ЗА РАНА ПРИЈАВА!