Вкупно 235 возачи се санкционирани во акциска контрола на Министерството за внатрешни работи, спроведена во текот на вчерашниот ден на територија на цела држава.
Како што информира МВР, од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 120 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 115 надвор од населено место.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопшти МВР.