Од утре ќе почне да функционира нова абтобуска линија со број „111“од Сарај до село Радуша, соопшти денеска ЈСП „Скопје“.
Почетна/крајна постојка во Сарај ќе биде на постојката на последна линија „2“, а во Радуша почетна/крајна постојка ќе биде сред село. Автобуси на линија „111“ ќе сообраќаат од понеделник до петок, по следниов возен ред : Сарај : 5.35 ч, 7.05 ч, 11.10 ч, 13.40 ч, 15.20 ч и 19.30. Од Радуша автобуските ќе тргнуваат во 6.15 ч, 7.55 ч, 12 ч, 14.30 ч, 16.10 ч и 20.20 ч часот.
Новата автобуска линија се воведува по барање на локалното население, и по изготвената анализа на терен која укала дека барањето е основано.
– Новата линија значително ќе ја подобри поврзаноста на населеното место Радуша со Сарај и жителите на Радуша ќе добијат редовен превоз.Во меѓувреме, ЈСП „Скопје“ во соработка со Град Скопје, разгледува и други слични барања, со цел јавниот превоз да стане подостапен за сите граѓани, особено оние населени во досега заборавените места, потенцираат од јавното сообраќајно претпријатие.