Од компанијата Boom Supersonic која го произведе најновиот и најбрз патнички авион „Син конкорд“ велат дека тој може да достигне брзина од 1300 милји на час, односно 2092 километри на час, што е двојно побрзо од најбрзите комерцијални авиони, пренесе Dejli mejl.
Тоа би значело дека времето за лет меѓу Мајами и Лондон, може да го скратат на само осум часа и 45 минути, а меѓу Њујорк и Лондон од шест на само 3,5 часа. Блејк Шол, извршниот директор на компанијата, рече дека крајната цел му е да стигне било каде во светот за само четири часа.
Тврди дека новиот „Син конкорд“, ќе ги прати џет летовите во историја бидејќи патниците ќе можат да ја надминат секоја временска разлика.
„Ако летот од Сан Франциско до Токио се скрати од 12 на само шест часа, можете да почекате речиси еден ден и да патувате следниот. Ако тргнете во недела утрото, ќе стигнете во недела попладне. Тоа е понеделник утро по јапонско време и ќе ги завршите сите состаноци и ќе се вратите дома за 24 часа без никаков прекин“, рече тој.
Од Boom Supersonic тврдат дека веќе имаат преднарачки во вредност од 6 милијарди долари. Од кои компанијата Virgin Atlantic им побаралe десет авиони во 2016 година, a od United Airlines само 15 минатата година.
Конкорд е последниот суперсоничен авион, кој е лансиран во 1976 година и ги заврши своите летови во 2003 година. Неговата замена се очекува да може да пренесе 65 до 80 патници, со распослани седишта во делот на бизнис класата.
Тоа значи дека средните редови веќе нема да ги има. Една карта до Њујорк ќе чини околу 1750 фунти.