Сметките во банка на граѓаните повеќе нема да бидат банкарска тајна за УЈП. Владата го менува Законот за банки, по што Управата за јавни приходи ќе добие пристап до документите, трансакциите и депозитите на граѓаните во секое време, објави ТВ24.
Ваквиот закон е донесен со цел УЈП полесно да ги изготвува даночните пријави за следната година.
„Доставувањето на податоци од други институции (вклучително и банки) е пракса на модерните даночни администрации преку која размена се обезбедуваат податоци за вкрстена проверка на пријавените и непријавените приходи на граѓаните“ – велат од УЈП за ТВ24.
Од јануари наместо граѓаните да ги пополнуваат годишните даночни пријави, тоа ќе го прави УЈП, а даночните обврзници ќе треба само да потврдат.