Сметките за парно што за август ги добија скопјани се високи бидејќи во нив не е вкалкулирана субвенцијата што ја дава Владата, информираше претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Тој истакна дека РКЕ бара БЕГ да ги сторнира сите августовски сметки и да изготви нови, каде ќе биде вкалкулирана субвенцијата.
На оние граѓани кои веќе ги платиле сметките, ќе треба да им биде вратена разликата во сумата во наредните сметки, независно дали дејноста ќе ја врши БЕГ или некоја друга компанија.
На социјалните мрежи голем број граѓани се жалеа дека добиле за 40-тина отсто повисоки сметки за парно греење од БЕГ. Од 1 август цената на парното греење беше зголемена за 14,18 проценти, со последната одлука на РКЕ.