Дел од родителите бараат опцијата онлајн да постои и понатаму и истата да се одобрува одделно од страна на секој директор на училиште.
Опцијата онлајн исто така ќе биде добредојдена и во периодот на криза која се најавува особено во зимскиот период и ладното време.
Бараме да имаме опција онлајн настава со цел да се заштити здравјето на децата и членовите на потесното семејство. Барање за онлајн настава е испратено до сите надлежни институции, како Министерство за образование и наука, Министерство за здравство, Комисија за заразни болести и оттаму има само молк, се вели во соопштението.
Физички престој во училиште без маски, и каква било физичка дистанца во преполни училници, е средина која гарантира сигурно заразување кај овие деца, а преку нив и на семејствата, без разлика што овој сој на Ковид е полесен, тој за хронично болните деца и родители може да биде фатален за веќе нарушеното здравје кое го имаат и да не заборавиме дека пандемијата прогласена од Светската здравствена организација е се уште на сила и ковидот постои и состојбата не е под контрола, се додава во соопштението од групата.
извор: vecer.mk