Родители чекаат со месеци, па и до две години за да ги запишат своите деца во градинка. За проблемот со пренатрупаноста и понатаму нема долгорочно решение, па многу родители проблемот го решаваат преку врски. Речиси секоја градинка, особено во урбаните средини, има список од стотици деца кои чекаат да се запишат.
Од општините во главниот град, најмногу деца кои чекаат за во градинка има во општина Аеродром, а потоа следуваат Чаир и Бутел. Од 2017 година, отворени се 71 нова градинка, со фокус главно на руралните средини и општините каде што има подолги листи на чекање. Но, овој број гледано од состојбата на терен, треба да биде неколкукратно поголема доколку институциите сакаат да ги намалат листите на чекање.
Друг проблем е тоа што многу градинки се соочуваат со недостиг на кадар било поради пензионирање, било поради оние кои се откажуваат од оваа работа.
извор: alsat.mk