Алпинистите кои се искачуваат на Килиманџаро сега можат да ги документираат своите искачувања и авантури во реално време и да објавуваат содржини на социјалните мрежи бидејќи имаат пристап до интернет.
Танзаниските власти обезбедија пристап до брз интернет на падините на Килиманџаро. Оваа планина се наоѓа во северниот дел на Танзанија и е највисокиот врв во Африка со речиси 5.900 метри.
Интернетот го обезбеди корпорацијата за телекомуникации на Танзанија, а функционира од вторник.
Покрај тоа што туристите можат да објавуваат содржини во реално време, експертите предноста на интернетот ја гледаат во тоа што овозможува подигање на свеста на планинарите и овозможува подобра навигација.
До крајот на годината самиот врв на планината ќе биде покриен со Интернет. Националниот парк Килиманџаро е под заштита на УНЕСКО и на Танзанија и носи голем дел од приходот од туризмот. Илјадници авантуристи се искачуваат на Килиманџаро секоја година, а многу од нив се обидуваат да стигнат до самиот врв.