Менаџментот на „Ист Гејт“ соопшти дека поплавувањето не се случило поради лошото проектирање на објектот туку поради несоодветна и нефункционална атмосферска канализација на булеварот „Александар Македонски“ која нема капацитет да ја апсорбира водата и истата се прелеала во енормно големи количини во подземните нивоа на трговскиот.
Трговскиот центар „Ист Гејт Мол“, кој беше поплавен за време на невремето што го зафати Скопје на 30 август, соопшти дека продолжува со работа од утре (4 септември) од 10 часот.
„Санацијата и дезинфекцијата на целиот објект се завршени и посетителите веќе од утре можат да уживаат во омилените продавници и ресторани“,
информираат од „Ист Гејт Мол“.
Во поплавите под вода беа подземните нивоа од трговскиот центар, а посетителите и вработените беа евакуирани.
извор: 360stepeni.mk