Системот Open Balkan ETC е во тест фаза и до крајот на септември ќе почнеме да користиме еден ТАГ помеѓу Србија, Северна Македонија и Албанија. Секој корисник на ETC наплатата во која било земја во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“ ќе може со само еден ТАГ да плаќа патарина во сите други земји од иницијативата „Отворен Балкан“, без запирање или купување дополнителен уред или картичка во земјите каде што неговото возило не е регистрирано.
Примарниот фокус e ставен на реализација на инфраструктурни проекти, особено во делот на железничкото поврзување, што дополнително ќе овозможи раст и забрзан регионален развој меѓу земјите.
Се зборуваше и за тековните проекти за поврзување како што е реконструкција и модернизација на пругата Ниш – Брестовац (границата со Северна Македонија), како и за функционирањето на интегрираниот граничен премин Прешево – Табановци.
извор: inovativnost.mk