Приватните лекари од утре (понеделник 5 септември) три дена нема да работат со пациенти и нема да издаваат рецепти, но ќе бидат на нивните работни места и ќе примат само итни случаи.
За приватните лекари во примарното и секундарното здравство од 2018 не е покачена капитацијата која е 63 денари, а во јавното здравство платите неколку пати се покачиле. Нема покачувања ниту во буџетот кај лаборатории, специјалисти, рурални доктори. Од последниот протест на 7 април, иако понудиле решение за проблемите, нема активност од Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување (ФЗО).
Лекарите предупредуваат дека секојдневно се затвораат ординации и дека постои опасност цели региони да останат без амбуланти.
извор: tocka.com.mk