ПИОМ објави дека просечната пензија во јули изнесувала 16.348 денари. Најниските пензии се движат од 10.276 денари до 13.172 денари. Највисоките пензии, пак, започнуваат од 41.724 денари до максималната 60.294 денари којашто започна да се исплаќа од март месец.
Она што се забележува од податоците е дека и натаму се продолжува јазот меѓу пензионерите во однос на примањата, односно побрзо расте бројот на пензионери со минимална примања, како и со повисоките од бројот на пензионери со средни примања, покажува анализата на порталот Пари.
Претходно во статистиката за јуни месец може да се забележи дека 90.162 пензионери земале пензии до 11.500 денари. Според последните бројки за јули во оваа група има најголемо зголемување на бројот на пензионери, односно бројот на пензионери кои земаат пензија во групата на најниски пензии се зголемил за 2.138 и изнесува 92.300. За 703, пак се зголемил бројот на пензионери кои земаат пензија во последната група над 18.001 денар. Бројот на пензионерите во втората група со пензии од 11.501 денар до 14.001 денари, се зголемил за 166 и во третата група со пензии од 14.001 денар до 18.000 денари нивниот број пораснал за 199.
Кои се најбогатите пензионери во државата? Целиот текст прочитајте го на mkd.mk