Таканаречената „карта за шанса“, Chancenkarte, е многу слична на американската или канадската зелена карта. Работодавaчите во Германија долго време посакуваат вакво нешто, бидејќи така полесно ќе се најде работна сила која очајно недостасува.
Статистиките покажуваат дека до 2035 година на германскиот пазар на труд ќе има седум милиони луѓе помалку, доколку имиграцијата не се зголеми значително.
Новиот германски закон за имиграција дозволува секој што ќе најде работодавач да работи, под услов да е вешт и способен. Може да бидат сметководители или возачи, важно е да имаат „некоја хартија“.
Никогаш досега немало толку многу слободни работни места во Германија како денес. Недостигот од персонал ги задушува аеродромите, рестораните – а сепак тоа е само мала работа во споредба со она што и се заканува на земјата.
Статистиката покажува дека 1,74 милиони работни места се слободни, иако во реалноста веројатно има многу повеќе.
Соодветно на тоа, работното место во областа на грижа за стари лица останува празно во просек по 239 дена. Затоа, работодавачите не можат да најдат старател речиси осум месеци. Малку е подобро со лимари, техничари за парно и клима, каде што чекањето за нов вработен е по 224 дена. Во високоградбата се бара работник 221 ден, а за медицински сестри, акушерки и болничари – просекот е 188 дена.
Сето ова може да доведе до катаклизмично сценарио за германската економија, во кое до 2060 година би имало само 1,7 работници по пензионер. За да се избегне ова, експертите пресметале дека Германија има потреба од 400.000 имигранти секоја година.