Дали сакате да постигнете поголем досег на пазарот на трудот и да ги пронајдете вистинските кандидати за вашата компанија
Дали сакате да се претставите пред јавноста и да го зајакнете вашиот имиџ како посакуван работодавач?
Дали сакате да се истакнете на пазарот на труд?
Вие сте на вистинското место! Токму за вашите потреби, тринаесетта година по ред, организираме онлајн Регионален саем за вработување, кој оваа година ќе се одржи од 17 до 21 октомври.
Employer branding досегот на саемот изнесува над 7.200.000 корисници/потенцијални кандидати и е постигнат благодарение на богатата маркетинг кампања во Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Словенија.
Овие податоци, како и минатогодишниот број на добиени апликации на огласите за вработување кои беа објавени на саемот, кој изнесува нешто повеќе од 49.200, го посочуваат саемот како неизбежно место за средба на истакнати работодавачи и работобаратели и го прават најголемиот Employer branding настан во регионот.
Останатите бенефиции од учеството на саемот можете да ги видите во презентацијата на линкот.
Резервирајте го вашиот штанд уште денес
Пред онлајн саемот подготвуваме и корисен вебинар на тема „Што се случува на пазарот на труд во регионот и ЕУ?“, кој ќе се одржи во среда, 7 септември. Присуството на вебинарот е целосно бесплатно, сè што треба да направите е да се регистрирате на линкот.
За дополнителни информации и резервација на штанд, посетете ја веб-страницата на саемот или контактирајте нè директно:
Каролина Апостоловска
+389 (0)77 983 837
karolina@vrabotuvanje.com.mk