За разлика од пензионерите со најниски пензии кои се 25% од вкупниот број на пензионери во земјава, процентот на пензионери кои уживаат во најголемите пензии е само 0,4 отсто.
Во бројка тоа изнесува 1,366. Во оваа група висината на пензиите се движи од 41.724 денари до највисоката 60.294 денари. Од нив, најмногу 866 пензионери земаат пензии во висина од 43.465 денари. Највисоката меѓу максималната пензија (60.294 денари) што почна да се исплаќа од март ја земаат 47-мина или во оваа најдобитна комбинација секој месец се придружува уште некој пензионер.
Бројот на пензионери зголемен за 2,181 лица.
Бројот на пензионери во јули се зголемил за 2,181 лице, пресметал Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Истиот месец починале 1,156 пензионери.