Дел од корисниците лоцирани на улиците „Прашка“ и „Париска“ во населба Тафталиџе денеска од 9:00 часот ќе имаат прекин во водоснабдувањето.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради санирање дефект на улица „Прашка“ бр.16.
Прекин во водоснабдувањето од 9 часот ќе имаат и дел од корисниците од булевар „Свети Климент Охридски“. Прекинот е поради дефект во шахта на булевар „Свети Климент Охридски“ бр.15 во населба Центар.
Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектите.
извор: alsat.mk