Хрватскиот премиер го претстави пакетот мерки за ублажување на влијанието од поскапувањето во вредност од над 21 милијарда куни, што ги ограничува цените на струјата, гасот и основните прехранбени производи.
Пакетот вклучува и мерки за субвенционирање и помош за граѓаните, јавниот и приватниот сектор.
Според мерките, домаќинствата од 1 октомври до 31 март ќе плаќаат по 59 евра за мегават час за потрошувачка до 2.500 киловат часови, а во просек 88 евра за поголема потрошувачка.
Во категоријата домаќинства се префрлаат градинките, училиштата, факултетите, пензионерските домови, невладините организации, верските здруженија, општините и градовите, а за нив универзалната цена ќе биде 62 евра за мегават час.
Во зависност од потрошувачката, ограничени се и цените за претприемништво, па оние кои трошат помалку од 250.000 киловат часови ќе плаќаат 0,52 куни за киловат час, а оние над 1,76 евра.
Цените на гасот за домаќинствата не се менуваат и ќе останат непроменети до 1 април 2023 година, а воведени се и мерки за помош за оние кои се греат на дрва.
Што се однесува до основните прехранбени производи, владата ја ограничи цената на сончогледовото масло за јадење на максимум 15,99 куни (2,12 евра), долготрајното млеко со 2,8 отсто млечни масти на 7,39 куни (0,98 евра), белиот кристален шеќер на 7,99 куни (1,06 евра) и брашно од типот Т-400 остро по 6,29 куни (0,83 евра).
извор: biznisinfo.mk