Одлична шанса да се приклучите кон реномирана меѓународна финансиска групација и да станете дел од професионален меѓународен тим на Внатрешна ревизија, кој во соработка со Одборот за ревизија, Управниот одбор и менаџментот на Банката обезбедува постоење на, и усогласеност со, системот на интерни контроли и ефикасни оперативни практики.
Интерен Ревизор за позицијата Супервизор
Значајни должности:
- Извршување на сите фази на ревизорскиот процес, во соработка со Менаџерот на ревизијата.
- Извршување на детални анализи за оценка на ефективноста и ефикасноста на ревидираниот процес/функција, како и неговата усогласеност со локалната регулатива и корпоративните политики и процедури.
- Подготвување и презентација на ревизорски извештаи до Менаџерот на ревизијата и Менаџерот на ревидираниот процес/функција, и обезбедување на периодичен мониторинг на спроведувањето на плановите на менаџментот за корективни акции.
Потребни квалификации:
- Универзитетска диплома во релевантна област (Сметководство и Ревизија, Финансии или еквивалентна област).
- 5 до 7 години релевантно работно искуство во областите на внатрешна, надворешна ревизија и/или сметководство и финансии.
- Професионална квалификација (или значително комплетирана квалификација) ќе се смета како значајна предност (Овластен ревизор, CIA, ACCA или еквивалентно).
- Познавање и значително искуство во спроведување на Меѓународните стандарди за професионална практика на внатрешната ревизија и Меѓународните стандарди за финансиско известување, ќе се сметаат како значајна предност.
- Одлични способности за тимска работа, комуникација и меѓучовечки односи.
- Кандидатот треба да биде способен/на да работи независно и самостојно, со органичена супервизија.
- Значајни аналитички и презентациони способности и способност за писмено известување.
- Одлично познавање (вербално и писмено) на англиски јазик, како и стручно и напредно користење на MS Office.
Стопанска банка АД – Скопје нуди атрактивен компензационен пакет и можности за континуиран професионален развој кои ја рефлектираат нејзината улога на водечка финансиска институција.
Месечниот надомест ќе биде утврден согласно искуството и квалификациите на кандидатот.
ЛИНК ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ И АПЛИЦИРАЊЕ
Оглас за вработување во Стопанска Банка АД Скопје
Издвоени огласи
-
РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Обезбедено сместување, оброци и платени патни трошоци
Maistra Hospitality Group, една од водечките хрватски туристички компании вработува и можете да го посетите нивниот штанд на Sezonac од 28 јануари до 6 февруари.
-
Бараш работа во Хрватска? Погледни ги работните позиции од онлајн саемот за вработување во Хрватска, Sezonac.hr
Не пропуштајте ги најновите понуди од најголемиот онлајн саем за вработување – Sezonac.hr, кој оваа година нуди повеќе од 100 огласи за работа!
-
Макстил вработува на 6 позиции: Огласите истекуваат денес-аплицирај!
Приватно здравствено осигурување за сите вработени-Аплицирај!
-
СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Аплицирајте и работете во Radisson Blu Resort & SPA!
Ова лето станете дел од професионален тим, каде што врвната услуга и незаборавните искуства го прават Radisson Blu Resort & Spa уникатен.
-
Сакаш да работиш за клиенти како Ford, BMW, Jaguar, Land Rover, Puma, Durex, L'Oreal? Те чекаме во Scandiweb
Одлична шанса да станеш дел од тимот на Scandiweb!
-
Плата до 38.000 денари + награда за препорачан пријател од 18.000 денари: Мozzart вработува ОПЕРАТЕРИ на повеќе локации
10 слободни позиции-Аплицирај!