На денешната 80 -та седница, беше донесена Одлука за посебни услови за трговија на одделна стока, според која се определува највисоката трговска маржа како посебен услов во трговијата на пазарот со електрична енергија.
Највисоката трговска маржа на електричната енергија за сите трговски друштва и трговци поединци кои вршат трговија на пазарот со електрична енергија на големо и на мало се утврдува во висина најмногу до 10%.
Највисоката трговска маржа на електричната енергија во висина најмногу до 10%, ќе се применува до 15 април 2023 година.
Одлуката се донесува со цел да се заштити од нарушување домашниот пазар и да се избегне злоупотреба во прометот на одделни производи и стоки и на предлог на Министерството за економија потребно е да започне да се применува пред отпочнување на грејната сезона.