Ќе има поволни и евтини авиолинии до дестинации атрактивни за граѓаните и стимулирање и раздвижување на авиопревозот и искористување на капацитетите на Охридскиот аеродром. Во таа насока, во најбрз можен рок ќе биде објавен нов јавен повик за доделување финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Република Македонија на домашни и странски авиопревозници, соопшти Министерството за транспорт и врски.
Заинтересираните авиокомпании што ќе се пријават на јавниот повик потребно е во предвидениот рок да поднесат уредно и целосно пополнети пријави, согласно со законските прописи и условите предвидени во јавниот повик. Согласно со својата деловна политика, секоја авиокомпанија самостојно одлучува за релациите на кои ќе сообраќа.
,,Она што е битно да се истакне е дека во буџетот на Министерството за транспорт и врски средствата за финансиска поддршка на авиокомпании се обезбедени и истите ќе бидат искористени за да се создадат подобри услови за патување на граѓаните и да се воспостават атрактивни и евтини авионски линии.Преку новиот јавен повик ќе се избере компанија која во целост ќе ги исполни барањата од јавниот повик и ќе понуди најголем број нови дестинации.Нови, евтини и поволни летови до атрактивни дестинации за граѓаните на Република Македонија ќе има”, се додава во соопштението на Министерството за транспорт и врски.
skopjeinfo.mk