Kомпанијата Оскар Фарма од Ливно одлучи да ја подигне границата кога се во прашање своите работници, со што ќе воведе четиридневно работно време и ќе ги зголеми платите. Така, покрај викендот, вработените во оваа компанија ќе имаат неработен ден и петок.
Инаку, минатиот викенд оваа компанија прослави 10-годишен јубилеј и работа. Оскар Фарма е компанија која дистрибуира додатоци во исхраната.
Инаку, четиридневна работна недела станува тренд во Европа, па еве овој тренд се следи и во некои земји од Балканот. Многу држави од Европа веќе го воведуваат како редовно работно време, а некои веќе најавија дека планираат да го сторат тоа годинава.
Од земјите во Европа кои воведоа четиридневна работна недела предничи Белгија и Исланд. Белгија уште на стартот на оваа година најави дека ќе го тестира овој модел и ќе види како ќе се одрази на економијата.
Британија, Шкотска и Велс најавија дека ќе се приклучат наскоро кон овој глобален тренд. Германија и Шпанија најавија дека наскоро ќе ја испробаат оваа мерка во рок од шест месеци и ако функционира ќе се воведе како пракса.
Во Македонија синдикатите во образование најавуваат протести за усогласување на минималната плата и барања за зголемување на платите. Матичните лекари веќе штрајкуваа за зголемување на капитацијата. Нема најава дали Македонија планира да се приклучи на глобалниот тренд од четиридневна работна недела, а до сега нема ниту компанија која излегла јавно да објави дека го практикува тоа.