Возач на камион од Босна и Херцеговина се изненадил - непријатно кога го информирале дека возачката дозвола не му ја прифаќаат во Германија, туку дека мора повторно да полага возачки испит.
Оттогаш поминале четири години и тој веќе работи во Нирнберг, но признава дека му било тешко да ги помине сите работи што ги научил одамна, но како што вели - што друго му останува?
„Иако дипломатијата на БиХ со години се залага за воспоставување меѓусебна соработка со официјален Берлин за прашањето за меѓусебно признавање и размена на возачки дозволи, германската страна не ја прифаќа оваа иницијатива и не ја признава возачката дозвола добиена во БиХ, а тоа за повеќето категории на возење“, наведуваат од министерството.
Тие потсетуваат и дека областа на меѓусебното признавање и размена на возачки дозволи меѓу БиХ и Германија е регулирана со Заедничката декларација потпишана на 10.02.2015 година.
„Ова дава можност за замена на возачката дозвола од категорија А и Б и поткатегорија А1 без полагање дополнителен теоретски или практичен испит. Покренавме иницијатива за дополнување на Заедничката декларација на тој начин што таа ги вклучува и другите категории (БЕ, C, CE, D и DE) и поткатегориите (B1, C1, C1E, D1, D1E) на возачката дозвола, што треба да се договори со надлежниот германски орган”.
Мора што поскоро да се најде решение на овој проблем, бидејќи тоа нема да донесе ништо добро, може да се реши само со дипломатски средства.
Без било каков билатерален акт за меѓусебно признавање и размена на возачки дозволи, возачите од БиХ можат да одат во Катар и Австралија. Договорните регулативи се решени и со Данска, Франција и Австрија.