За да се добие документ од матичните книги треба да се чека со денови поради административни процедури. Во летната сезона оваа појава кулминираше бидејќи граѓаните сè уште го претпочитаат стариот начин на чекање пред шалтери, а не преку онлајн апликацијата бидејќи електронската процедура им е потешка од физичкото чекање. Со доаѓањето на иселениците, бројот на барања за разни документи двојно се зголеми.
„За да добиваат документи онлајн, потребно е граѓаните да имаат отворен профил за докажување на автентичноста, како и уреди во своите домови за електронски потпис“, велат од Управа за водење на матични книги.
Податоците на Управата за водење на матични книги покажуваат дека во последните 6 месеци се направени над 256 илјади барања за изводи за родени, венчани и починати, но од нив само 18 илјади биле електронски.
Од Управата велат дека нивниот портал е активен цело време. Граѓаните пак, велат дека не можат секогаш да имаат пристап до електронскиот портал, па се собираат пред вратите на институцијата.
Иако нема законска пречка, нема ни конкретни чекори за унифицирање на дигиталниот систем, што би овозможило подобрување на правописните грешки во имињата и презимињата. Во споредба со нас, земјите од регионот имаат понапредни дигитални системи на услуги за граѓаните.
извор: alsat.mk