Пензионерите на крајот од месецот ќе добијат околу седум проценти покачување, усогласување на пензиите соглансо новата методологија која се донесе во март 2022, односно усогласување 50 проценти од трошоците на живот и 50 проценти во однос на просечната плата.
Системот од 2019 година во делот на намалување на сиромаштијата дава ефекти особено во пандемијата и економската криза со која се соочуваме е отворен систем којшто брзо ги вклучува сите оние коишто во одреден момент се нашле во ситуација да се материјално необезбедени. Постојат мерки и за семејства кои се со еден родител, како и за оние семејства каде имаме две, три или повеќе деца, детски и образовен додаток кои вклучи многу поголем број семејства за разлика од претходниот систем кои ги ограничуваше семејставта да го примаат додатокот.
Со новите мерки треба да бидат згрижени оние кои се најраливи во општеството.
извор: bankometar.mk