Францускиот министер за здравство соопшти дека итната контрацепција ќе стане бесплатна за жените од сите возрасти, а пристапот до скринингот за сексуално преносливите инфекции подобрен.
Новиот министер за здравство на Франција, во однос на сексуалното здравје идентификуваше два проблеми со кои има намера да се справи, односно пристапност до итна контрацепција и зголемувањето на сексуално преносливите инфекции.
Според Националниот референтен центар за СПИ, Франција забележала зголемување на инфекциите помеѓу 2020 и 2021 година, делумно поради падот на прегледи во 2020 година од 30%, за време на пандемијата со коронавирусот.
„Наскоро во аптеките ќе има пристап до итна контрацепција ‘без никакво ограничување’“, рече министерот.
Браун, исто така, посочи дека сака да го направи скринингот за СПИ бесплатен за жени до 26-годишна возраст.
„Младите луѓе се дел од популацијата најмногу погодена од овие инфекции“, предупреди Браун, додавајќи дека зголемувањето е „загрижувачко“.
Акцентот ќе биде ставен на превенцијата и скринингот, рече Браун.
извор: radiomof.mk