Неминовно е да го смениме односот и да го прифатиме медот како значаен животен продукт во исхраната. Статистичките податоци укажуваат дека ние трошиме помалку од еден килограм мед годишно по глава на жител, додека во многу земји во светот е десет пати повеќе. Исто така, сè повеќе е присутен мед кој се меша со разни сирупи за да се добие брз профит, при што се уништуваат неговите природни својства. Токму затоа потребна е соодветна едукација на купувачите.
Манифестацијата по 18. пат ја организира пчеларското здружение „Матица“ од Скопје. Посетителите до 30 септември, на штандовите поставени долж улицата „Македонија“, ќе можат да купат природен мед, матичен млеч, полен, прополис, комбинации на природен мед со лековити билки, природна козметика, но и други пчелни производи.
Цената на тегла мед чини 600 денари. Продавачите посочија дека се обидуваат да ги задржат цените на медот, за да може секој купувач да си го дозволи.
извор: vecer.press