Пари направи анализа, за колку се зголемени цените на основните производи од почетокот на годината до август.
Во јануари литар масло за јадење беше 100 денари, сега е 142 денари. 10 јајца се продава за 82 денари, сега се 145. Килограм кравји кашкавал чинеше 314 денари, во август се продаваше за 529. Септември се уште не е завршен, но цените не го следат трендот на светските берзи , каде полека се стабилизираат, туку, напротив, продолжија да растат.
ПРОИЗВОДИ | ЈАНУАРИ 2022 | АВГУСТ 2022 | СЕПТЕМВРИ (ЦЕНИ НА 24.09) |
---|---|---|---|
Масло за јадење | 100 | 142 | 137 |
10 јајца | 82 | 145 | 116 |
Кашкавал кравји | 314 | 529 | 659 |
Кашкавал овчи | 345 | 541 | 560 |
Мелено месо кг. | 245 | 285 | 370 |
Свинска кременадла | 285 | 369 | 350 |
Пилешки стек | 248 | 285 | 500 |
Според официјалните статистички податоци, во август годинава беше измерена рекордна инфлација од 16.8%. Цената на храната поскапе за околу 26%. И додека светските индекси покажуваат поевтинување на основните прехранбени производи, кај нас во истиот период цените уриваа рекорди.
Според ФАО, Организација за земјоделство и храна при Обединетите нации, највисоки цени производите имале во март. Индексот на цените на храната изнесувал 159,5. Од тогаш се бележи пад. Во август во споредба со јули цените се намалиле за 1,9 отсто, додека кај нас пораснале за 2,9%.
Целиот текст на pari.com.mk