РКЕ ја објави новата цена на горивата:
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 21.09.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 21.09.2022 година и со тоа малопродажната цена на
ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 86,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдувањена највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 21.09.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 91,00 ден/лит, додека малопродажната цена на
Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 87,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,623 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 21.09.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот
М-1 НС изнесува 49,768 ден/кг.
извор: biznisinfo.mk