Great resignation, quiet quitting... Речиси на месечно ниво се појавуваат нови појави на пазарот на труд и се потешко е да се следат. Ваквата ситуација воопшто не е невообичаена, бидејќи се наоѓаме во време на големи промени. Како да ги задржите вработените и да ја зголемите нивната продуктивност во целата оваа ситуација? Одговорот е всушност многу едноставен - прашајте ги!
Истражувањето за задоволството на вработените - Pulser.mk ви овозможува на едноставен и брз начин да го проверите задоволството во рамките на вашата организација.
Постапката за мерење се спроведува преку стандардизиран анонимен прашалник (онлајн или печатен или комбинирано) составен од 65 прашања/тврдења (скала за оценување од 1 до 4) кои се поделени во 9 категории со можност за дополнителни прашања по ваша желба.
(Предизвикувачки работни задачи, Поддршка од надредениот, Организација на работата, Работни услови, Личен раст и развој, Вклученост во процесот на донесување одлуки, Посветеност на работа, Меѓучовечки односи, Комуникација во компанијата)
ИЗВЕШТАИ
Резултатите од истражувањето се прикажани нумерички и текстуално во 3 вида извештаи:
ОСНОВЕН
- Приказ на резултати по сите тврдења со можност за филтрирање (по сектор, регион и сл.)
- Со резултатите од тврдењата и категориите се прикажуваат
и резултатите од ангажираноста и еNPS.
КОМПАРАТИВЕН
Извештај со историски преглед што ги покажува резултатите од сите години на учество на компанијата (компанијата мора да има барем 2 спроведени истражувања)
BENCHMARK ИЗВЕШТАЈ
Приказ на резултатите на компанијата во однос на сите компании и топ 3 компаниите, според основна и специфична дејност
Како да ги наградите вработените?
Тесно поврзани со прашањата за задоволството на вработените се секако и оние за плата, финансиски и нефинансиски бенефиции. Решението е во алатката МојаПлата.
МојаПлата обезбедува детална анализа на платите земајќи го предвид регионот, полот, образованието, работното искуство, големината на компанијата, видот на сопственост и основната дејност на компанијата.