Сте размислувале ли во која од поголемите бренд продавници би се вработиле доколку имате можност? Направивме анкета на оваа тема, а понудени опции беа дел од најголемите модни компании. На анкетата одговориле 762 испитаници. Еве ги резултатите:
По 4% од испитаниците се одлучиле за Mango (29 испитаници), Magnetik (30 испитаници), Reserved (32 испитаници) и Terranova (27 испитаници).
Следна продавница на листата е новоотворената H&M за која се изјасниле 14% од испитаниците, односно 104 испитаници, а по неа следи Waikiki за која се изјасниле 114 испитаници или 15%.
За Massimo Dutti се изјасниле 19% од испитаниците. Во еден од коментарите за оваа продавница стои: „Со задоволство би се вработила“, „Убава, квалитетна, италијанска роба“.
Дури 23% од испитаниците (174) се изјасниле дека би работеле во Зара. Од многуте позитивни коментари издвојуваме: „Би работела таму, од кај што сакам да се облекувам“, „Бренд број 1“.
14% ја избрале опцијата „Друга продавница“. Дел од продавниците во кои испитаниците би сакале да работат, а не беа дел од нашата листа се следните: Reebok, Bershka, Apple, Fashion & Friends, Sinsay, Duki Daso, Timberland, Springfield, Guess …
Во тек е нашата нова анкета во која прашуваме: Од кој извор на информации се информирате кога истражувате за некоја компанија во која сакате да се вработите? - Одговорете на ЛИНКОТ.