Од денеска, во градежните парцели со површина до 1.000 метри квадратни, дозволена е употреба на механизирани паркинг системи доколку најмалку 50% од потребниот број на паркинг места се обезбедени без механизирани системи, а за оние парцели со површина од над 1.000 метри квадратни дозволена е употреба доколку најмалку 90% од потребниот број на паркинг места се без паркинг системи.
„Со донесувањето на одлуката за начинот за употреба на механизирани паркинг системи го решаваме хаосот со паркирањето во градежните парцели во Центар. Крајната цел е урбана и хумана општина која ќе биде пример и за останатите“, соопштија од Општина Центар.
извор: kajgana.com