Колку изнесува всушност една добра пензија? Одговорот на ова прашање веројатно ќе биде различен за секој човек во Германија. Она што е сигурно е дека за повеќето луѓе нивната пензија едвај е доволна за живот. Според информациите од Сојузното министерство за социјални работи, секој петти пензионер месечно располага со помалку од 500 евра.
Како до пензија од 2.000 евра или повеќе? Не е лесно, бидејќи би требало да заработите значително повеќе од германскиот просек.
Имајќи предвид дека пензијата произлегува од биографијата и дека одредени возрасти различно влијаат на неа, пресметката не може да се заснова на мала, едноставна формула. За одредување на висината на пензијата потребно е да се земат предвид многу фактори, но пред се нечиј приход.
Поедноставено, сепак, може да се каже дека приходот се одредува во однос на просечната бруто плата на сите обврзници на осигурување. Според германското пензиско осигурување (DRV), тоа во моментов изнесува околу 3.242 евра месечно.
Доколку осигурениците заработуваат точно толкав износ на просечна плата во една година, добиваат еден уплатен бод. Со поголема или помала заработка, повеќе или помалку соодветно. По пензионирањето, секој заработен бод одговара на пензија од 36,02 евра во западните покраини и 35,52 евра во источна Германија.
Ако сакате да добиете бруто пензија од 2.000 евра или повеќе, потребни ви се 56 пензиски поени. Тоа значи дека, според сегашните вредности, осигурениците би требало да заработуваат месечна просечна бруто плата од 3.242 евра и за 56 години да ја достигнат таа вредност.
За да добиете пензија од 2.000 евра, осигуреникот од почетокот за 40 години стаж би требало да заработува околу една третина повеќе од германскиот просек. Тоа значи дека приходите од почетокот на работниот век треба да бидат околу 4.323 евра бруто. Ова не е остварливо за повеќето германци.
Би ве интересирало: Кој нема наполнето стаж 15 години, може да работи и по навршени 64 години!
Реалноста е сосема поинаква. Според статистиката на DRV, на крајот на 2020 година, машките пензионери во старите сојузни држави добивале во просек 1.172 евра пензиja, а жените 741 еврa. Во новите сојузни држави мажите во просек добивале 1.249 евра, а жените 1.065 евра.
Сепак, треба да се забележи дека реалните просечни плаќања се повисоки, и покрај пониските нивоа на пензии, бидејќи многу луѓе во Источна Германија имаат повеќе години стаж отколку во Западна Германија.
Но, ова се само бруто пензии: затоа што и пензионерите овде треба да плаќаат придонеси, вклучително и здравствено осигурување и осигурување за долгорочна нега. Дополнително, има даноци за пензија доколку добивате повеќе од 9.744 евра годишно. За да добијат пензија значително над тој просек, осигурениците мора да имаат приватно осигурување, советува DRV.