Вредноста на доларот во однос на кошничката валути на пазарот драстично падна од највисокото ниво во последните 20 години.
Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 111,90 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 113,30 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 144,50 на 144,65 јени.
Но, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 0,9820 долари, додека вчера во овој момент таа изнесуваше 0,9685 долари.
Зајакнувањето на еврото е благодарение на очекувањата дека Европската централна банка повторно ќе ги зголеми клучните каматни стапки за 0,75 процентни поени на седницата во октомври, бидејќи инфлацијата во еврозоната не стивнува.
На ова укажуваат вчера објавените информации дека во септември инфлацијата во Германија скокна на 10,9 отсто, што е највисоко ниво од 1996 година и значително повисока од очекуваното.
Американската валута ослабе и во однос на британската, на која позитивно влијаеја интервенциите на британската централна банка на пазарот на обврзници со цел намалување на приносите.
На почетокот на неделата, фунтата падна на рекордно ниско ниво од 1,0327 долари поради планот на новата влада за големо задолжување за стимулирање на економијата. Сепак, фунтата закрепна по два дена интервенција на централната банка.
Утринава фунтата се тргува околу 1,1220 долари и е на пат за неделна добивка од повеќе од 2 отсто.
Цените на нафтата се стабилизираа по вчерашниот пад. Барелот на лондонскиот пазар зајакна за 0,10 отсто, на 88,50 долари, додека на американскиот пазар поскапе за 0,15 отсто, на 81,30 долари.
Како резултат на тоа, цените на нафтата се на пат за својата прва неделна добивка за пет недели по големите промени.
Извор: faktor.mk