Граѓаните ги купуваат само неопходните работи, додека дел од производите кои важеа за основни, тие сега ги сметаат за луксуз. Купувачите кои ги сретнавме на пазар велат дека ова е најголемата криза со која се соочиле и едвај можат да си ги покријат месечните трошоци.
Трговците пак за АЛСАТ, велат дека граѓаните најчесто само поминуваат и ретко застануваат на тезгите. Секојдневното намалување на прометот им го отежнува работењето.
„Каде имаат пари да дојдат да купат? Народот е оставен на улица, нема пари, се вртат наоколу, ќе си ги вкрстат рацете и само гледаат. Колку и да ни фали, продаваме, 5 денари за килограм, кризата е многу лоша“, рече еден продавач.
„Граѓаните доаѓаат, но откупот е многу слаб, многу влијае. Сега оваа криза значи дека процентот е изгубен, профитот е изгубен, ако порано беше 10 проценти, сега е 5 проценти добивка. Дури и продажбата е намалена, а кризата е голема“, нагласи друг продавач.
Според последните податоци на Заводот за статистика, потрошувачката кошничка за четиричлено семејство достигна 48 илјади денари.