Граѓаните на Скопје брзаат до крајот на ноември да ги поднесат потребните документи со кои сакаат да аплицираат за субвенции кои ги дава градот Скопје за чистење на оџаците. Но, за Фактор велат дека имаат сериозен проблем. Документите мора да ги поднесат само електронски, но страницата не функционира. Истовремено, се обиделе и директно да ги достават во една од бараките на Град Скопје, но таму не им ги примаат, укажувајќи дека аплицирањето е само онлајн.
"За таа симболична сума од 1.200 денари, која впрочем нам пензионерите и тоа како ни значи, се малтретираме со денови. Јас платив за чистење на оџакот 2.000 денари, зошто да не добијам 1.200, па чистењето да ми излезе само 800 денари. За да аплицираме онлајн замолуваме внуци, помлади соседи, пријатели кои знаат со компјутери, но, овој пат и ним не им успева бидејќи тоа не функционира", вели еден пензионер од Скопје.
Извори за Фактор потврдија дека постои технички проблем, посочувајќи дека може да се најде решение, но тоа сепак е прашање на време,
Целата содржина прочитајте ја на порталот faktor.mk