Порше ја симна од тронот компанијата Фолксваген.
Денес, Порше ја собори матичната компанија Фолксваген од својот трон и стана највредниот производител на автомобили во Европа.
Новокотираните акции на производителот на спортски автомобили скокнаа на 93 евра во утринското тргување на берзата во Франкфурт, со што нејзината пазарна капитализација достигна 85 милијарди евра, пренесува Ројтерс.
Извор: biznisinfo.mk