Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во септември 2022 година, во споредба со август 2022 година, е зголемен за 0.7 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.1 %, Алкохолни пијалаци за 2.0 %, Безалкохолни пијалаци за 6.4 % и Ноќевања за 0.4 %.
Индексот на цените на угостителските услуги во септември 2022 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 17.6 %.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – септември 2022 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 10.7 %, додека во однос на декември 2021 година, е зголемен за 9.1 %.
Извор: biznisinfo.mk