Занаетчиите сметаат дека во овој момент дека треба да се излезе во пресрет за нивниот бизнис со тоа што ќе се намали тарифите за индустриска струја односно тие ќе се категоризираат како домаќинствата. Во контекст на тоа, предложено е субвенционирање на електричната енергија на сите регистрирани занаетчии во регистарот на занаетчии на РСМ. Тоа ќе влијае дирекно во зачувување на работните места и занаетчиите ќе бидат ликвидни во овој тежок период во кој се соочуваат со низа кризи и најмногу од кризата со електричната енергија.
Во државата има околу 6.000 лица паушално оданочени занаетчии, пред сè микропретпријатија со еден, двајца тројца вработени, семејни бизниси.
Ситуацијата е следна: за просторија од 15 квадрати кои се во слободен пазар плаќаат по 30-40 илјади денари. Затоа излозите во моментов се исклучени. Баравме помош за да бидат ликвидни, да работат. Ако не може државата да ги категоризира од индустриска во домаќинска електрична енергија ние баравме 50 проценти од оваа електрична енергија да биде субвенционирана од државата.
Дел од угостителите оние кои се микропретпријатија најавиле и затворање на бизнисите за време на зимските месеци и отворање дури во април, наредната година по завршување на грејната сезона.