Германската амбасада во Скопје објави дека пензиските осигурувања на Германија и Северна Македонија повторно нудат заеднички денови за консултација.
На 26 и 27 октомври од 9:30 – 16:00 часот во Дирекција на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, ул.23 Октомври бр. 11, Скопје ќе може лично да ги добиете сите информации за пензиското право во Германија и Северна Македонија.
Неопходно е да се закаже термин на телефонскиот број објавен на фејсбук страницата на Германската амбасада во Скопје.
извор: skopjeinfo.mk