И да има поскапување на струјата по Нова Година, тоа ќе биде минимално. Значително се намалени трошоците за производство на електрична енергија и со помош од државата се намалува продажната цена, уверуваат од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).
Во меѓувреме, во услови на забрзаниот раст на инфлацијата, Централната банка повторно ја зголеми основната каматна стапка, со цел да делува врз каматната политика на банките и да стимулира штедење во денари.
По воведувањето на блок-тарифите има намален конзум на електрична енергија и универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум” во своите планови бара помалку од 15 до 17 отсто енергија од АД ЕСМ. Тоа, позитивно ќе влијае за намалување на цената на електричната енергија, а дополнително на тоа позитивно ќе влијаат и најавите од Регулаторната комисија за енергетика дека ќе бидат воведени блок-тарифи и за малите потрошувачи со цел и тие да се стимулираат да штедат енергија.