Зимското сметање на времето по правило треба да се врати во недела на 30 октомври. Тогаш, доколку Владата не донесе поинаква одлука, стрелките ќе треба да ги поместиме од 3 на 2 часот и ќе добиеме дополнителен час.
Летното сметање на времето почна во неделата, на 27 март, кога часовниците се поместија еден час , односно од 2 на 3 часот нанапред.
Неодамна Владата излезе со информација дека поради кризата со енергија, а во однос на на нејзина заштеда, можно е зимава да останеме во летен режим на сметање на времето.
Се ситнат деновите кога треба да биде донесена одлуката дали часовникот ќе се помести или не, со оглед на тоа дека останаа уште само две недели до промената.
– Министерството за економија доби задолжение од Владата да ги разгледа можностите околу евентуално продолжување на примената на летното сметање на времето, со цел дополнителни заштеди во општата потрошувачка на електрична енергија, информираше пред два дена владината прес-служба по 88. седница на владиниот кабинет.
Toa значи дека оваа година можно е воопшто да не прејдеме на зимското сметање на времето кое треба да почне во сабота кон недела ноќта, меѓу 29 и 30 октомври.
Зимското сметање на времето подразбира враќање на стрелките на часовникот за еден час назад. Ако останеме во летно сметање на времето ќе имаме 1 час подолг ден, но будењето на утро ќе биде во мрак за оние кои порано одат на работа.