Фановите на Евровизија шокирани. Прв пат по осамостојувањето на Македонија, самите се откажавме од учеството на Изборот за најдобра песна на Европа.
Македонската телевизија се откажа од најголемиот музички настан, а како што велат, парите за учество на оваа манифестација, ќе се пренаменат за покривање на трошоците за струја.
Од 1991 година до денес на Евровизија не сме учествувале неколку пати поради неисполнување на пропозициите на ЕБУ или не сме успеале да влеземе во финале, па според правилата, сме правеле пауза. Ова е првпат сами да се откажеме.
Годинешниот Избор на песна на Евровизија ќе се одржи во Ливерпул , Британија.
Извор: kanal5.com.mk