Оваа есен, граѓаните на Штип и цела Источна Македонија ќе добијат нова дестинација за шопинг и забава. Првиот трговски центар во Штип – Штип Сити Мол е во завршна фаза и со нетрпение чека да ги отвори вратите за сите посетители.
Овој нов трговски центар на граѓаните, но и на градот Штип ќе им пружи квалитетно шопинг искуство по светски стандарди, место за забава и дружење, и ќе претставува вистинска регионална атракција и место за уживање на целото семејство. Меѓу бројните иновации кои ги има молот, значително е да се спомене дека Штип Сити Мол е и првиот трговски центар кој има своја фотонапонска централа која ќе задоволува дел од потребите на молот со што придонесува за поповолни услови за закупците.
Трговскиот центар се простира на површина од 12.780м², со околу 30 закупци, распоредени на 5 нивоа, и е најголемиот и единствен од таков тип трговски центар во Источна Македонија.
Истиот ќе нуди голем број на локални и светски познати брендови на едно место, богати забавни содржини, хотел, ресторан, кафулиња, брза храна, текстил, козметика, игротека, книжара, бела техника и многу повеќе.
Лоциран е на една од најатрактивните точки во градот Штип, на самиот негов влез, Штип Сити Мол, заедно со хотелот и аква паркот, ќе ја збогати понудата на забавни и шопинг содржини, привлекувајќи огромен број на посетители од сите возрасти, не само од регионот, туку и од целата држава.
извор: tocka.com.mk