Дали е можно да се најде решение за вклучувањето на сите училишта на регулираниот пазар на електрична енергија и за вклучување на институциите од здравствениот сектор кај ЕСМ снабдување и оти тоа нема во голем дел да влијае на зголемување на цената на струјата на регулираниот пазар?
Нормално дека останува на РКЕ да го разгледа во детали барањето и на крајот да се најде решение. Досега се покажа дека со напорна работа, со добра координација помеѓу сите институции може да се изнајде решени како што изнајде решение за субвенционирање на 80 проценти од цената на електрична енергија на граѓаните и на две третини од електричната енергија на регулиранот пазар за малите потрошувачи за 72 илјади компании.
Зависи од цената на енергенсите која што гледаме дека расте на светските берзи, зависи од цената на транспортот која што гледаме дека расте на светските берзи, зависи од цената на основните суровини што се користат за одржување на електроенергетските постројки, зависи од цената на гасот, зависи од цената на мазутот, на јагленот итн. Од ова одлука, исто така, може да зависи, меѓутоа префрлањето на основните и на средните училишта на регулираниот пазар има многу помало учество од тоа што го имаат порастот на цените на другите енергенси ако ја погледнете формулата за формирање на цената.
извор: bankometar.mk